Tuesday, March 19, 2024

ГЕМА ПЛАСТ-ЦТС е познат македонски производител на квалитетни производи лоциран во јужниот дел на Република Македонија, во Гевгелија. Нашето искуство има постигнато одлични успеси на полето на производство на лиена пластика и лиени производи. Во последните години постигнува огромни резултати на полето на екструдирање на полиетиленски и полипропиленски црева и цевки.

ГЕМА ПЛАСТ-ЦТС посебно се истакнува со изведбата на комплетни системи - проектирање, производство, транспорт, монтажа на цевоводниот систем.
Системите на ГЕМА ПЛАСТ-ЦТС ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет на цевководните системи за вода и канализација и заштита на животната средина.

На основа на постојаниот развој на ПЕ цевоводи, ГЕМА ПЛАСТ-ЦТС нуди комплетен асортиман на производи според најновите технички стандарди.

ПЕ 100
Цевките ПЕ 100 се произведуваат од тврд полиетилен со голема густина (ХДПЕ) од третата генерација МРС10 и се користат за подземни мрежи за пренос на вода за пиење.

ПЕ 80
Цевките ПЕ 80 се произведуваат од тврд полиетилен со голема густина (ХДПЕ) од втората генерација и се користат за подземни и подморски мрежи за пренос на вода, отпадни води и за заштита на коблови, како и подземни мрежи за пренос на вода за пиење.

ПЕ 63
Цевките ПЕ 63 се произведуваат од полиетилен со низок степен на густина (ЛДПЕ) и се користат за наводнување со прскалки.

ПЕ-ГЕМА ГАС
Цевките Гема-гас се произведуват од тврд полиетилен (ХДПЕ) од втората генерација и се користат во подземни мрежи за транспорт и дистрибуција на гас.