Tuesday, March 19, 2024

Гема Пласт - ЦТС е модерна компанија која произведува платични црева и фитинзи направени од полиетилен (ПЕ), полипропилен (ПП) и поливинил хлорид (ПВЦ), според европските стандарди. Посебно се истакнува со изведбата на комплетни ситеми - проектирање, производство, транспорт и монтажа на цевоводниот систем. Стандардите на Гема Пласт - ЦТС ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет на цевководните системи за вода и канализација и заштита на животната средина.

Цевките изработени од полиетилен ги имаат следните заеднички карактеристики:

* Мала специфична тежина

* Флексибилност

* Добра хемиска отпорност

* Одлична заварливост

* Отпорност на поместување на земјиштето

* Мазна внатречност на цевките со отпорност за нагаќање на наслаги

* Здравствено исправни за допир со производи за прехрана

* Долг животен рок, повеќе од 50 години

* Еколошки исправни бидејѓки се рециклични и не ја загадуваат околината

ПЕ цевките наоѓаат примена во:

* Водоводни системи

* Транспорт на гас

* Системи за наводнување

* Заштита на оптички каблови

Класифкација на ПЕ за цевки под притисок

Животниот век на цевката зависи од уловите под кои линијата работи вклучувајќи ги полагањето и околината. Со забрзано тестирање на полиетиленскиот материјал ИСО/ТР 9080 а со цел да може да се предвиди напрегањето на материјалот кога би бил употребуван 50 години на 200С без ризик од распаѓање, направена е класификација на полиетиленот за цевки под притисок.

Радиус на свиткување на ПЕ цевка

Полиетиленските цевки се карактристични по нивната флексибилност што резултира, пак со лесна и брза инсталација и врши редуцирање на користење на фитинзи.

Монтажа

За инсталирање препорачливо е цевките да се положуваат во ровови со минимална длабочина од 40 - 60 цм, зависно од зоната мрзнење. Монтажата на цевките е дозволена на надворешни температури од 50С.

Методи на спојување

Полетиленот може да се спојува на различни начини. Најчесто користени се:

* Челно заварување

* Електрофузионо заварување

* Механичко спокување.